Штипјанецот Асанов, обвинет за убиството на Борјанка Николова – негира вина, тврди дека жените ги обожава, пресуда на 28 април

Тврдејќи дека ги обожава жените, 75 годишниот штипјанец Денис Асанов , обвинет за убиството на 79-годишната Борјанка Николова, денеска повторно негираше вина во завршните зборови пред Основниот суд во Штип.

Обвинителството, пак, остана на ставот дека станува збор за особено свирепо убиство, оценувајќи го случајот како фемицид и побара прогласување на обвинетиот за виновен.

Одбраната тврди дека доказите не се доволни и дека не ја утврдуваат вината надвор од разумно сомнение.

Според обвинението, убиството се случило во домот на обвинетиот, по што телото на жртвата било расчленето и делумно сокриено. Дел од останките се уште не се пронајдени.

Обдукцијата утврдила тешки повреди, вклучително и скршени ребра и оштетувања на градниот кош, најверојатно предизвикани од силен притисок.

Во текот на постапката, Асанов првично ја признал вината, но подоцна ја повлекол изјавата, тврдејќи дека телото го пронашол и дека бил нападнат од непознати лица. Според сестрана на убиената Дона Огнанова, нејзината сестра е исчезната од празникот Вера Надеж и Љубов, кој е при крај на септември. Откако исчезнала, неколку дена не можеле да ја пронајдат, по што братанецот на Дона Огнанова, отишол кај обвинетиот, да го праша каде е Борјанка, а обвинетиот Денис Асанов, рекол дека таа му украла пари и алишта и избегала. Затревожени, Дона и братанецот продолжиле да ја бараат Борјанка по роднини во Радови и Виница, нио кој не можел да каже каде е. На 24 октомври Дона пријавува во полиција. Од нејзе тие побарале непрани мајци од Борјанка , а од нејзе земале брис и отпечаток од рака. По краток временски период полицијата ја известува Дона дека сестра и е мртва и била закопана во дворот кај обвинетиот Денис Асанов и дека главата и нозете се пресечнени и ги нема. Трупот го однеле во Скопје, а потоа ја вратиле во лимен сандак без глава и нозе. Дона тврди дека таа и својата убиена сестра биле во добри односи, а обвинетиот Асанов не го знае и прв пат го погледа во очи на судницата во претходните рочишта.

Пресудата се очекува да биде изречена на 28 април, следниот вторник од 14:00 часот.

Иван Митев, М-Нет