
Двајца штипјани си ги одмериле силите на улица вчера, откако претходно учествувале во сообраќајна несреќа. Настанот во штипска Автокоманда настанал, најпрво како расправија меѓу момче и девојче. Според очевидци, девојчето било следено од страна на момчето, па побарало помош од својот татко. Откако таткото дошол на местото на настанот, момчето се обидело да побегне па се бркале со автомобили за потоа да дојде до судир. Настанот продолжил со физичка пресметка, пријавена и во полиција. Од СВР Штип потврдија, велат дека на 15.02.2023 во Пoлициската станица Штип било пријавено дека околу 15.30 часот на крстосница од улиците „Пиринска“ и „Сутјеска“, по претходна расправија по случена сообраќајна незгода, настанала физичка пресметка помеѓу Д.Д.(48) и А.С.(33), двајцата од Штип. По документирање на случајот, ќе следи соодветна пријава.
Лаура Стојанова М-Нет