Два килограми јаболка, малку компири и една зелка – пазарот во Кочани скромен

Јаболка речиси на секоја тезга, сезонски зеленчук и овошје, компир и марула најкарактеристични производи за пазарот во Кочани денска. Произведувачите на компир велат тешко е, работа има многу, ама побарувачката е слаба. Се нудеше и расад за кој исто е потребно труд, ама продавачите велат граѓаните купуваат за сами да си одгледуваат домат, пиперка или некој друг производ.

Некој килограм јаболка, малку компир и по една зелка, тоа е сѐ што можеше да се забележи во проѕирни кеси на купувачите. Буџетот дозволува толку.

„Гледам во тие проѕирни кеси само ќе видам два килограми јаболка, два килограми компир, една зелка, срам ме е да кажам ама и свеќите многу се купуваат“ – велат продавачите.

Народ имаше, раздвиженоста задоволителна, ама не е одлична и побарувачката. Купувачите сами велат, разгледуваат ама не купуваат. Голема криза е, пари немаат, па се земаше само најнеопходното.

„Јас си купив јаболка, ресенско јаболче, по цена од 25 денари. Спрема квалитетот е и цената, јас излегов да купам јаболка, избор има и квалитет, само пари ако се има може да се купи. Народ има ама пари немаат луѓето за да си пазаруваат. Кроза голема е. “ – велат купувачите.

Ова е последен пазар пред Задушница во Кочани, но продавачите согласни дека побарувачката не пораснала. Можеби само во поголема мера од претходно се бараше и купуваше овошјето.

Лаура Стојанова М-Нет