
Двајца вработени во угостителски објект во Штип се тешко повредени во инцидент што се случил попладнево. Според првичните информации, вработените биле повредени во лифт во угостителскиот објект каде ги извршувале работните задачи. Лицата се пренесени во Клиничката болница во Штип. Полициски службеници од СВР Штип се во угостителскиот објект и се утврдуваат причините за инцидентот. Повеќе информации за овој настан се очекуваат во текот на утрешниот ден.