
Празните вади, трошковите, изминатиот рок на семињата, повторно се проблеми со кои се соочуваат оризарите од Чешиново- Облешево. Предвидената сеидба за оризот се уште не е започната иако нивите се спремни за сеидба . А сепак велат дека последиците ќе бидат огромни и катастрофални. Надежда дека работите можат да тргнат на подобро веќе ја нема, па затоа за нив единствен избор останува протестот.
„Крајнио рок што е пропуштен дека ќе се остваре, ако не ќе мора да има протести. Значи на нивите фрлено е ѓубре, спремни се се за сеидба а водата ја нема. И тоа е ногу битно сакам да потенцирам воднио надомест може да проверете на ниво на општина кај шо ние гравитираме Чешиново- Облешево, јас верувам дека над 99%тоа е наплатата извршена за вода.„ посочи Зафиров
„Вода ќе пуште, оти времето оде ништо нема ако не напраат, морат да пуштата вода.
Последиците за земјоделците ќе бидат катастрофални, оти тие вложуваат, а нема да можат да произведат доволно и квалитетно. Главен проблем е тоа што ке бидат изложени на големи трошкови, а на виделина остануваат без ништо.
„Штетите ќе бидат катастрофа големи. Секој земјоделец е фрлил по 2 -3 илјади сигурно, штета а семињата помина и роко тие што требаше да ги сееме оти имаа рок до 15. дека да идеме дека да протестираме коа секаде е исто, станало за никаде.
„ Сеам површина 12 хектара на ориз. Тоа е неизмерно, само ние знаеме земјдоделците, нивите по 5-6 пати ги обработуваме„ вели Стојчев
Директорот на водостопанската подружница „Врегалница“ -Кочани Благојчо Богатинов, вели дека водата е пуштена во текот на вчерашниот ден. За доцнењето на водата посочува дека била расипана една од машините, но проблемот сега е надминат.
Лаура Стојанова, М-Нет