Да се зголеми свеста кај граѓаните и да не се подметнуваат пожари на отворено апелираат од СВР Штип

Кога повеќе делови од државата се зафатени со пожари на отворено и шумски пожари потребна е крајна винамтелност од страна на граѓаните со цел да се заштитат дрвата и белите дробови на државата. СВР Штип апелира на поголема свесност за да не се создаваат пожари на отворено кои траат со денови и зад себе оставаат непорценлива материјална штета. Од полицијата исто така посочуваат дека се работи со цел детектирање и откривање на пожари на отворен простор, а истовремено потсетуваат на забраната за движење во шуми која ќе трае до крајот на месец август.

„Во делот на заштита од пожари, СВР Штип во соработка си сите релевантни институции се присутни во руралните и урбаните средини за индетификација на ризични подрачја за детектирање и откривање на пожари на отворен простор и шумски пожари. СВР Штип апелира за подигање на јавната свест кај граѓаните за совесно и одговорно однесување при обработување на земјоделско земјиште со посебно внимание околу ризиците за настанување на шумски пожари и пожари на отворен простор“ – вили Гигов.

Истовремено од полицијата советуваа ако граѓаните имаат некој проблем да го пријават, или ако забележат некој да се свижи во шума со индиции за подметнување пожар на отворено, да пријават на бројот 112.

Ситуациите со пожарите на отворено е алармантна речиси секое лето, и во таа насока се обидите да се делува на подигање на свеста кај граѓаните и да се спречи создавањето на пожари.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет