
Нема мерки во маркетите, бидејќи се уште трае анализата, потенцираше денес премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека многу наскоро се очекува истата за заврши, за да владата излезе со конкретни мерки. Вели дека и и владата е на страната на граѓаните се со цел државата има повисок стандард.
,,Мерки во моментот нема, бидејќи се уште трае анализата, кога ќе заврши анализата се разбира дека ќе има мерки. Анализата ја правиме заедно во консултација со професори и со луѓе кои што се стручни лица. Очекувам мнгоу скоро, мислам дека е во завршна фаза таа анализа за да излеземе со конкретни мерки, а имаме индикатори зошто тоа се случува. Така што очекувам многу скоро ќе излеземе и ако во истиот месец во голм дел земји од европската унија на пет проценти, зборувам инфлацијата. Еве сега ќе почекаме јулската како ќе биде. На иста страна сме, сите ние сакам е да имаме повисок стандард, затоа работи оваа влада во таа насока.“, рече Мицкоски
Но, од друга страна и граѓаните сведочат за високи цени во маркетите. Велат дека купуваат дури продукти со слаб квалтите, за да можат да го поминат месецот.
Инаку, граѓаните и понатаму се жалат за високтите цени во маркетите и додаваат дека трговците повторно прават итриги со истите со што ги зголемуваат колку и кога ќе посакаат.
Иван Митев, М-Нет