Да донираме за сестрите Димитрови Трансакциска сметка: 240137102218724

Да се покаже хуманоста на дело, да се помогне во време кога навистина е потребно и на личности на кои помошта и значи повеќе од се. Поради проблеми со видот две сестри од Кочани, бараат помош од хуманите граѓани, оние кои се во можност за лекување во Санкт Петербуг во Русија со матични клетки. Славица и Радмила Димитрови повеќе од три години се борат со болеста, односно проблемите со видот. Заради Ковид 19, лекувањето го продолжуваат во нашата држава, со надеж дека ситуацијата со невидливиот непријател ќе стивне, а тие со доволно собрани средства ќе може да заминат на лекување во Русија.

Пред почетокот на пандемијата неколкупати во Кочани се организираа хуманитарни настани за собирање средства за лекување на овие млади дами. Но, како што вели Димитрова, не се донираше многу. Последниот ваков настан се организираше пред пандемијата, од страна на кочански пејачи, настан на кој се собрани околу 10 илјади денари. Да ја покажеме хуманоста на дело, и да донираме. Може да се донира на телефонските броеви 143 – 467 за корисниците на А1, и на 143 – 136 Т-Мобиле. Отворена е трансакциска смета на Уни банка и за сите они кои сакаат да ја покажат хумансота на дело тоа може да го сторат на жиро сметката: 240137102218724. Димитрова вели дека има граѓани кои донирале, и верува дека ќе донираат и во иднина и ќе се донира за да се соберат потребните 8 илјади евра за леување во Русија.