
Со едноминутен молк и положување на свежо цвеќе пред споменикот на депортирани евреи и еврејските гробишта во Штип се одбележа 78 годишнината од депортацијата на штипските евреи во логорот Треблинка. Кобниот ден 11 март 1943 година 6 милиони евреи беа депортирани во логорот, Македонија изгуби голема култура кога 98% од еврејското население го изгубија животот во втората светска војна.
„Денес 78 години по кобната ноќ кога 131 еврејска фамилија беа насилно протерани од своите домови во Штип и одведени во логорот Треблинка во Полска, се собравме пред споемникот кој е изграден во ниван чест и секавање, за да им оддадеме почит.“ истакна Рогожарска.
Холокаустот го имаат преживеано еднавј неколкумина, а еден од нив е и Пепо Леви, кои се сеќава на ова како едно од најголемите злосторства приредено на евреите. Нашата сегашна обврска е со сите сили да се бориме против антисевитизмот, негирањето и обидите на искривување и толкување на холокаустотот. Во Штип живееле некаде околу 160 еврејски семејства во нивното познато Еврејско маало кое се протегало од сегашната градска црква „Св. Никола“ па се до Плоштадот „Слобода“ во Штип. Тие биле еснафи и познати луѓе кој пружале соживот и развој на заедницата.
Лаура Стојанова М-Нет