Дарко Николов е најново засилување во Слога Виница

Амбициозниот третолигаш Слога од Виница продолжува со промоција на нови играчи за предизвиците кои следуваат во пролетниот дел во Третата македонска фудбалска лига – Исток.

Најново засилување во тимот предводен од Крсте Крстев е младиот дефанзивец и повратник Дарко Николов.

21-годишникот во Виница доаѓа од редовите на второлигашот Вардар Неготино, а во својата кариера штипјанецот има настапувано и за Кожуф, Кит Го Пехчево и во младинските категории на Брегалница.

Александар Ванев, М-Нет