
Хитот во Втората македонска фудбалска лига екипата на Детонит Плачковица денес ги стартуваше пријателски натпревари во рамки на зимските подготовки преку кои ќе ја темпира формата за пролетниот дел.
Радовишани на првиот контролен натпревар беа убедливи против струмичка Беласица со резултат од 6:0, откако на полувреме резултат беше 1:0 за домашниот тим со голот на Андреј Кудијан постигнат од слободен удар.
Во вториот дел радовишани беа убедливи откако Мемеди, Фејзуловски, Мурати, Настевски и Хубрев ја тресеа мрежата на струмичани за убедливи 6:0.
Теренот не беше идеален за игра, снегот си го направи своето, иако времето беше ладно, сепак на трибините имаше околу 40-тина гледачи.
Следен тест за тимот на Иван Варадиновски ќе биде во среда против прволигашот Тиквеш во Кавадарци.
Александар Ванев, М-Нет