Дали Штип како универзитетски град има доволно места за излегување?

Младите во Штип се повеќе се жалат дека градот нема доволно нови места за излегување и забава. Велат дека постојано се оди на истите места, во истите кафулиња и дека со текот на времето се станува монотоно и досадно. Според нив, потребни се повеќе содржини, места за дружење, спорт и рекреација. Дел од младите велат дека единствено остануваат прошетките и возењето велосипед, затоа што „нема каде да се оди“.

„Може да излезам некаде на по природно место, на пример на патеката со велосипедот. Треба нови да се отварат, се е истото, досадно е, се истите места, нема каде да се оди.“, велат анкетираните граѓани

„На други места може и на прошетка да се шетате, многу е убаво времето особено сега. Во ова време нема многу места каде да се оди, но мооже да се шета.“, истакнаа анкетираните граѓани

Од друга страна, повозрасните граѓани сметаат дека Штип сепак нуди доволно места за младите, но предупредуваат дека градот заборава на старите, на кои им недостигаат катчиња за дружење и заедништво.

Младите во Штип велат дека се незадоволни од недостатокот на нови содржини и места за излегување, додека повозрасните сметаат дека градот има доволно понуда за младите, но недостигаат простори за дружење на старите лица. Што ни укажува дека и од помладата и од постарата генерација изразуваат желба за нови места за излегување.

Дајана Сандева, М-Нет