
Премиерот Христијан Мицкоски во денешната изјава истакни дека „како по правило“ речиси до секоја кладилница или казино се отвораат и канцеларии за брзи кредити, создавајќи опасен круг на долгови и зависност. Според анализите на Владата, токму наталожените долгови и финансискиот притисок се една од причините поради кои дел од граѓаните се решаваат да ја напуштат државата.
„Градовите почнаа да ни наликуваат со оние реклами, со оние билборди како градови каде коцкарниците се главна индустрија. Тоа не личеше на ништо и не личи на ништо и со овој закон ќе се стави крај ан таа перцепција кај граѓаните. Некако до тие казина како по правило се отвараат канцеларии каде што се даваат и брзи кредити. Следно на што ќе работиме е тоа, работиме на тоа, сега за сега не би сакал да давам повеќе детали. Цениме дека врз нашата анализа направена заклучивме дека најголем дел од луѓето причина за изселување од државата го користат и тој аргумент, долговите кои што се наталожиле. Имајќи го предвид сето ова ценам дека со овој закон во морална смисла на зборот драматично ќе ја подобриме состојбата во државата, така што ние апсолутно стоиме позади овој закон и апсолутно соиме во одбрана на овој закон.“, рече Мицкоски
Според Мицкоски, овој закон во морална смисла на збпрот драматично ќе ја подобри состојбата во државата и е дециден дека стои зад истиот.
Дајана Сандева, М-Нет