
На денешната Прес-конференција по повод одржувањето на Државниот натпревар за вокални интерпретатори во Штип, Виктор Карапаџов истакна дека Здружението на музички педагози на Република Македонија оваа година организира државни натпревари за млади музички таленти, во кои учествуваат ученички хорови, оркестри, солисти и бендови. Натпреварите се одржуваат во повеќе градови, а оваа недела на програмата е натпреварот за вокални интерпретатори, солисти и бендови од основните и средните училишта од целата држава. Карапаџов годинава учество земале околу 1300 ученици, додека за вокални солисти биле пријавени 270 кандидати, од кои избрани се околу 60 за настап на сцената.
„Оваа година здружението на музички педагози во република Македониа организира државни натпревари за млади таленти односно за ученички хорови, оркестри, солисти и бендови. Оркестри и бендови имавме минатата недела во Кавадарци, додека оваа недела, односно утре, четврток, ке имаме натепревар за вокални интерпретатори солисти и бендови од основните и средните стручни и гимназии од целата држава.
Оваа година земаа учество на джавните натпревари некаде оклу 1300 ученика, за вокали солисти конкретно имавме приавено 270 кандидати од кои жири комисиата имаше навистина тешка задача да одбереме околу 60 ученика кои што ке настапат овде позади нас на оваа сцена.
За возраста, имаме ученици во хорови оваа година за прв пат од нижите одделениа, односно одделенска настава, додека имаме во предметна настава хор и оркестар, мандолински оркестар, мешан оркестар, орхов оркестар, имаме исто така и во средниеучилишта хорови и оркестри и бендови и секако солисти. Сите овие се опфатени за овој натпревар, државен натпревар кој е кредитиран и потоа учениците ке добиат секо диплома за освоеното место или благодарница за чество во напреварот. Секако најадобрите може потоа да си аплицираат во министерството за образование, за стипендии и награди кои што веќе ги има, кои што ги нуди самата држава.“- Виктор Карапаџов, здружение на музички педагози
Карапаџов додава дека годинава за прв пат на натпреварите учествуваат и ученици од одделенска настава, покрај хоровите, оркестрите, бендовите и солистите од основните и средните училишта. Тој истакна дека натпреварот е кредитиран, а најдобрите ученици ќе имаат можност да аплицираат за стипендии и награди што ги доделува Министерството за образование.
Државниот натпревар претставува можност младите таленти од целата држава да го покажат својот музички потенцијал и да стекнат дополнителна мотивација за понатамошен развој. Настанот воедно придонесува за промоција на музичката уметност и поттикнување на младите активно да се вклучуваат во културниот живот.
Дајана Сандева, М-Нет