Затвор и повисоки парични казни за насилниците во училиштата бараат граѓаните на Штип, децидни само тоа е спасот од насилството

Затвор и повисоки парични казни за насилниците во училиштата бараат граѓаните на Штип, со цел да се стави крај на проблемот со насилството меѓу учениците. По неколкуте случаи на булинг и насилство во училиштата низ државата, со случај дури и во Штип, граѓаните велат дека ситуацијата излегува од контрола и силно ја поддржуваат одлуката на МОН за парично казнување на родителите чии деца се насилни во училиштата. Сепак, сметаат дека казната од 250 евра е премала, а дел помладите децидни, потребни се и построги мерки

Кога е во прашање од каде излегува ваквото однесување, граѓаните велат пред се од дома, а потоа зависи и од друштвото. Без оглед на се, сите очи се вперени кон родителите.

Инаку, со новите законски измени се предвидуваат парични казни за родителите на децата кои во училиште прават булнг и малтретираат соученици.  Ќе има казни за оние родители кои одбиваат да соработуваат со училиштата и институциите. Според најавите од Министерството за образование и наука, новите измени во законот за основно образование, веќе се во завршна фаза и наскоро ќе бидат доставени до Собранието.

Иван Митев, М-Нет