
Сведочиме на нов сканадал во КБ Штип, мамографскиот апарат е дефектен, изјави денеска Павел Иванов на денешната прес-конференција пред КБ-Штип Иванов вели дека поради овој проблем, мамографските прегледи за жените од источниот регион се прекинати, што предизвикува дополнителен стрес и неизвесност кај пациентките. Според изнесените информации, жените ќе треба да се снимаат во Кочани, а резултатите да ги добиваат во Штип. Иванов тврди дека ова е класичен пример на негрижа.
Имено сведочиме на нов скандал во Клиничката болница Штип, која треба да функционира како регионален клинички центар за целиот источен регион.
Поради дефект на мамографскиот апарат, се прекинуваат мамографските прегледи за жените од источна Македонија. Наместо брза и достапна здравствена услуга, пациентките се изложени на дополнителен стрес, неизвесност и малтретирање. Според информациите, пациентите ќе се испраќаат во Кочани за снимање, додека резултатите ќе се читаат повторно во Штип. Тоа значи дека граѓаните ќе бидат принудени да патуваат од еден град во друг, односно во еден да се снимаат, во друг да ги добијат резултатите. Ова е класичен пример на неорганизираност, неспособност и целосна негрижа за граѓаните.
Иванов е дециден дека нема никакви инвестиции во здравството, како набавка на нова опрема. Тој додава дека нема замена на дотраените и нефункционални апарати.
Наместо функционален здравствен систем, добиваме импровизации и ад-хок решенија кои директно удираат по здравјето на луѓето. Дополнително загрижува фактот што нема никакви инвестиции во здравството. Нема набавка на нова опрема, нема замена на дотраените и нефункционални апарати. Системот се распаѓа пред очите на јавноста, а власта молчи.
Павел Иванов беше јасен дека брзата и достапна услуга се приоритет, со тоа не би следувал и дополнителен стрес и малтретирање.
Дајана Сандева, М-Нет