
Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на петте натпревари од Првата македонска фудбалска лига. Колото се отвара утре со дуелот во Тетово помеѓу Шкендија и Македонија ЃП каде главен судија ќе биде штипјанецот Крумислав Ѓоргиев.
Останатите четири средби се играат в недела. Главен судија во Штип каде ќе се соочат Брегалница и Струга Трим Љум ќе биде Александар Грујоски од Кичево.
Сите пет прволигашки средби се играат со почеток од 16:00 часот.
- ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 30. КОЛО ПМФЛ
Брегалница – Струга Трим Љум, Александар Грујоски (Кичево)
Шкендија – Македонија ЃП, Крумислав Ѓоргиев (Штип)
Силекс – Шкупи, Игор Стојчевски (Скопје)
Тиквеш – Работнички, Марјан Стојановски (Кичево)
Победа – Скопје, Ндерим Тефику (Куманово)