Штипскиот судија Стојанче Стојанов ќе им суди на Слога и Кожуф, штипјанецот Димитар Пилешков на Беласица и Вардар

Утре на програмата се натпреварите од 27. коло од Втората македонска фудбалска лига, веќе се делегирани и судиите кои ќе ја делат правдата на сите осум натпревари.

Гледачите на телевизија М Нет ќе имаат ексклузивна можност во ЖИВО преку директен пренос да го следат натпреварот помеѓу Слога и Кожуф во Виница, каде главен судија ќе биде штипјанецот Стојанец Стојанов.

Сите натпревари ќе започнат во 16:00 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 27. КОЛО ВМФЛ:

Тетекс – Пелистер, Марјан Младеновски (Скопје)
Беласица – Вардар, Димитар Пилешков (Штип)
Слога Виница – Кожуф, Стојанче Стојанов (Штип)
Воска Спорт – Арсими, Александар Василевски (Скопје)
Гостивар – Охрид, Христијан Божиновски (Скопје)
Беса – Детонит Плачковица, Доне Ристовски (Гевгелија)
Каменица Саса – Борец, Сашко Ристов (Струмица)
Локомотива – Караорман, Благојче Ралевски (Битола)