Џиу Џицу клубот Осенсеи од Штип на Меѓународен турнир во Марибор, Словенија

Штипскиот Џиу-Џицу клуб Осенсеи овој викенд на 23. и 24. март ќе учествува на Меѓународниот турнир “Роби Рајх Опен 2024” во Марибор, Словенија и ќе се одржи првото коло од Џиу Џицу Јадранската лига.

Од штипскиот клуб во своите категории ќе настапат Данил Николиски, Јован Николиски и Драгана Ѓоргиевска под раководство на тренерите Христијан Јованов и Виктор Велинов.

Во јадранската лига ќе настапат тројца членови на Осенсеи, односно Христијан Јованов, Виктор Велинов и Данил Николиски.

Овој турнир е редовен на годишен календар и е еден од подобрите меѓународни турнири во Европа со преставници од повеќе од 10 држави.

Александар Ванев, М-Нет