
Дивите приклучоци и старата дотраена мрежа, се причина за секој месец штипското комунално претпријатие Исар, да бележи дури 60% загуба на вода. Има случаеви каде одредени домаќинства водата освен што ја користат за пиење, ја користат и за наводнување на земјоделски површини . Поради ова, посебно во летниот период добар дел од водата наместо за пиење, завршува за наводнување на бавчите
„Бидејќи нешто што не е точно евидентирано, граѓаните немат обврска да се грижат за истото, па затоа имаме вакви ситуации да во летниот период во одредени населби има големо течение на вода. Луѓето не ја користат рационално. Имаме случаеви каде одредени домаќинства водата за пиење ја користат за наводнуваање на земјоделски површини, а тоа е вода која е третирана хемиски„ изјави Кирил Зајков, директор на ЈП„Исар„-Штип.
И додека едни се расфрлаат, други трпат за вода. Со овој проблем се соочуват жителите на штипската населба Пребег, кои во летниот период почесто немаат, отколку што имаат вода. . За да се надмине ситуацијата предвидено е изградба на нов резервоар.
„Во текот на оваа година ќе започне градењето на резервоарот во населбата Пребег, населба која со децении има проблем со водоснабдувањето. Ова се случува бидејќи населбата Пребег е на иста висинка кота како и филтер станицата , па затоа во летните периоди при енормното користење на вода од страна на другите домаќинства е причина за одредени точки во оваа населба во летниот период немат доволно количина на вода„ изјави Зајков.
Целосното надминување на проблемот со водоснабдувањето во високите зони ќе се реши со изградбата на Водоводна линија два. . Инаку водоводната мрежа во Штип е стара повеќе од 60 години, па поради тоа честите дефекти се причина градот, посебно во летниот период и неколку денови да биде без вода
Лаура Стојанова, М-Нет