Горан Здравков: – „ Честитки за играчите на „Саса“ и благодарност за гостопримството во Пехчево“

Локалниот дерби натпревар во Пехчево , Кит Го – Каменица Саса заврши нерешено и без голови, односно 0:0. Во разговорот со шефот на Стручниот штаб на Каменица Саса, Горан Здравков, тој ја истакна одличната игра на двата тима, особено на неговите играчи иако натпреварот заврши без голови. – „ Ова беше одличен натпревар во кој не се штедеа играчите и на двете екипи. Слободно можам да кажам дека бевме подобар противник, имаме 5 сто процентни шанси кои за жал не ги искористивме. Домакините имаа статива, но во целина ние бевме подобри. Огромна благодарност кон играчите и честитки за нивната игра и за борбеноста во извршувањето на поставените задачи. Оваа игра не радува и мислам дека во ваков стил ќе продолжиме се до крајот на есенскиот дел и полека, но сигурно ќе се вратиме во горниот дел на табелата“. – изјави Горан Здравков, Шефот на Стручниот штаб на Каменица Саса по освоениот бод на жешкиот терен во Пехчево.

Драги Герасимов – Пушка Mnet.mk