
Ракометарките на Астибо забележаа голема победа откако на домашен терен во рамки на 23. коло на Супер лигата славеа над Куманово со резултат од 36:25, а уште во првиот дел „амазонките“ најавуваа дека ќе одат по висок триумф откако на полувреме имаа предснот од 21:16 односно плус пет.
Од самиот почеток на натпреварот кој се играше во салата „Тошо Арсов“ Астибо наметна свое темпо и имаше одлична игра во нападот и доста дисциплинирана одбрана. Кристина Младеновска ја спушташе ролетната тогаш кога најмногу требаше откако забележа дури 15 интервенции, а пак Хани Чобанова имаше четири одбрани.
До овој огромен триумф Астибо беше воден од искусната ракометарка Марија Анчева, откако најдобриот стрелец во шампионатот постигна 11 гола, а пак Мауде Ксавиер имаше десет погодоци, а пак Вероника Жанет шест реализации.
Александар Ванев, М-Нет