Ивановски блеска во Дубровник – нова меѓународна победа и потврда на врвната форма

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски продолжува да испишува нови успеси на меѓународната сцена, откако триумфираше на полумаратонот во Дубровник со импресивно време од 1:06:30.
Ивановски уште еднаш покажа класа и доминација, оставајќи ја конкуренцијата зад себе и потврдувајќи дека се наоѓа во извонредна форма оваа сезона. Неговата победа претставува уште едно големо признание за македонската атлетика, но и доказ за континуитетот во врвните резултати што ги бележи на меѓународните трки.
Овој успех доаѓа по одличниот настап на маратонот во Белград, каде Ивановски го освои второто место, дополнително зацврстувајќи го својот статус како еден од најдобрите долги пругачи во регионот.
Со серијата врвни резултати, Ивановски се наметнува како вистински спортски амбасадор на Македонија, кој со своите настапи достојно ја претставува државата ширум светот. Во моментов, тој со право важи за еден од водечките македонски спортисти во 2026 година.