Големо ракометно дерби на Вардар и Алкалоид во СЦ „Јане Сандански“

ФОТО: РК Алкалоид

Утре ќе биде одиграно големото ракометно дерби меѓу непоразените Вардар и Алкалоид – соочување на два конкуренти за титулата.

Вардар е во перфеткна победничка форма со десет од десет, а од друга страна тимот на Алкалоид има осум победи и две ремија и со тоа е на второто место на табелата со 18 бодови, два помалку од Вардар кој е на лидерското место со максимални 20 бодови.

Двете екипи максимално подготвени влегуваат на утрешното соочување, дерби кое ќе се игра во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, со почеток од 18:
30 часот. Правда ќе делат Исмаил Металари и Ненад Николовски.

Утре во Кавадарци исто така ќе се одигра неизвесен дерби меч меѓу Тиквеш и Бутел. Домашниот тим влезе во победничка форма со три победи во низа и се искачи на шестата позиција, а пак Бутел кој е петти со бод повеќе на своето конто, ќе бара враќање на победничките патеки откако нанижа два порази во низа. Натпреварот во Кавадарци започнува во 20 часот.

Инаку, денес на програта се четири натпревари. Струга ќе бара бодови на домашен терен против Еурофарм Пелистер 2, Охрид го пречекува Пролет, шампионот Еурофарм Пелистер како апсолутен фаворит ќе игра против Куманово, а пак „фенерџијата“ Радовиш ќе бара прв позитивен резултат и први бодови против Прилеп.

Александар Ванев, М-Нет