Големо Коњари се засили со четири играчи, тимот ги започна зимските подготовки – целта е Втора лига!

Есенскиот шампион во Трета лига – Југ, екипата на Големо Коњари, за пролетниот дел од сезоната се засили со четири играчи, се работи за Беким Алими и Филип Кукески кои доаѓаат од Питу Гули од Крушево, со Ениз Фазлиоски од Слога Лажани, како и со голманот Андреј Димитријески од Ултрас.

Од клубот си замина само еден играч, се работи за Ерџан Ибрахими.

Големо Коњари ги започна и подготовките за пролетниот дел од сезоната, во снежни услови, каде тимот има за цел да го сочува првото место и со тоа да ја обезбеди шампионската титула, а со тоа и да го обезбеди баражот преку кој Големо Коњари ќе има можност да се врати во Втората лига.

Клубот ќе одигра и неколку пријателски натпревари преку кои ќе ја темпира формата со цел да влезе максимално подготвен за пролетните предизвици.

Александар Ванев, М-Нет