
Третолигашот Шкендија Арачиново, кој е есенски шампион во Трета лига – Север, со 3:1 славеше на пријателски меч против второлигашот Победа.
Новото засилување Александар Ѓорѓиески, Христијан Димов и Руфат Чиљафи беа стрелци за тимот од Арачиново. Во пролетниот дел лесно Шкендија Арачиново треба да го потврди првото место и со тоа да го освои шампионскиот пехар и да дојде до баражот за Втора лига, што е главна цел на тимот, затоа и фокусот веќе е на баражот.
Победа во пролетниот дел од Втората лига ќе треба да се избори да го потврди опстанокот и да го избегне ланското сценарио кога преку баражот се избори за опстанок, откако го совлада токму шампионот на Трета лига – Север, Куманово со 2:1 на стадионот во Ѓорче.
Александар Ванев, М-Нет