
Крводарителска акција денеска се споровде во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. Во пресрет на светскиот ден на здравјето 7 април, музичкото училиште во соработка со Црвен крст Штип ја организираа акцијата, за која имаше голем интерес од страна на вработените, но и учениците. Ваквите крводарителски акции во музичкото училиште се чести посочува директорот, Горан Кавраков додавајќи дека се реализираат четири до пет пати годишно.
„По повод Денот на здравствот, ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ во соработка со Црвен крст Штип организира крводарителска акција, со што нашите ученици и вработени ја изразуваат хуманоста. Ова е честа инцијатива во нашето училиште и се оддржува на секои четири месеци. Денес интересот е доста голем“ – вели Кавраков.
По повод светскиот ден на здравјето утре во Штип ќе бидат спорведени неколку активности од страна на средните училишта во градот, со цел на достоинствен начин да се одбележи овој ден.
Лаура Стојанова М-Нет