Со положување свежо цвеќе Штип одбележа 82 години од бомбадирањето на градот

Со положување свежо цвеќе, рецитал и пригодна манифестација штипјани одбележаа 82 години од бомбардирањето на Штип. Претседателот на Сојузот на борци – Штип во пригоден говор се наврати на историјата и настаните, а градоначалникот, претставници од Општината, политички партии и институции во Штип положија цвеќе пред спомен-релјефот кај Народниот театар во Штип.

„Одлучено од бившо – југословенските народи, а со тоа и на македонскиот народ да не се приклучи кон тројниот пакт туку да се даде силен отпор о се објави војна на големата Германија. До конечно ослободување од фашизмот. Затоа на 6 април 1941 година без претходоно објавување на војна германскиот фашистички окупатор и неговите сојузници едновремено од воздух, вода и копно ја нападнале територијата на бивша Југославија, а со тоа и на Македонија.“ – вели Мицевски.

Бомбардирањето на Штип почнало уште утрото, прво била бомбардирана тогашната Соколаната, каде што сега е и Народниот театар – Штип, во кој биле сместени две единици на тогашната Брегалничка дивизија на војската на Кралска Југославија. Од првиот напад загинале околу 150 војници и офицери, а многумина биле ранети.

Априлската војна завршила на 17 април 1941 година со капитулација, окупација и поделба на Југославија.

Лаура Стојанова М-Нет