Вчера во Штип за првпат се одржа Меѓународен турнир во карате „Штипски карате асови“

Вчера во Спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип за првпат се одржа Меѓународниот турнир „Штипски карате асови“, а на кои учествуваа околу 400 каратисти од Македонија, Грција, Србија и Косово.

На самиот турнир големи резултати освои нашите каратисти. Љупче Михајлов две злата, Душица Бреслиева две злата, Џем Пешов исто така две злата, Марко Џорлев злато и сребро, Максим Арсовски злато, Драгана Ефтимовска злато и сребро, Ива Делова злато.

Паола Арсовска се закити со две злата, Виктор Спасов со две сребра, Иван Андев со сребрен медал, Михаил Спасов со злато и сребро, Никола Трајков со сребрен медал, Божидар Зафиров со сребро, Никола Митев со бронзен медал, Андреа Илиевска со бронза, Мила Штериева со сребро, Пане Патраклиски со бронза и Сара Тодоровска со бронзен медал.

Целта на овој турнир беше да се одбележат сите резултати на каратето како спорт, но самиот турнир во иднина да прерасне во традиција.

Александар Ванев, М-Нет