
Слаба заинтересираност за вакцинација против сезонски грип меѓу граѓаните на Штип. Најголем дел од анкетираните велат дека нема да се вакцинираат, бидејќи немаат доверба во вакцините. Наместо тоа, дел од нив се потпираат на домашни лекови и природни начини за заштита од грипот.
Иако поголем дел се одлучни да не се вакцинираат против сезонски грип, сепак мал дел решени како и останатите години, така и оваа година да се вакцинираат, со цел како што велат се заштитат преку целата зима.
Од Министерството за здравство информираат дека вакцините против сезонскиот грип се очекува да пристигнат до крајот на овој месец. И оваа година граѓаните ќе имаат можност да се заштитат од сезонскиот грип преку вакцинација. Лекарите потсетуваат дека имунизацијата е една од мерките за намалување на ризикот од потешки компликации.
Иван Митев, М-Нет