Недела дена по пожарот во Картово – потребни се средства за куќата да се оспособи за живеење Трансакциска сметка: 300007082346687 Комерцијална Банка

Изгорени ѕидови, цела покуќнина, прозорци, врати, една недела по пожарот во Картово, во кој изгореа две куќи, ситуацијата на терен далеку од добра. Семејството Стојановски се труди да поправи барем нешто, за да има каде да живее. „Се она што го штедевме 20 години и се вложуваше дома го снема за миг“ – вели Зоран Стојановски, додавајќи дека сега финансиски е нестабиле н за повторно да ја врати куќата во правобитна состојба или барем да ја оспособи за во неа да може да се живее.

„Куќата е речиси целосно изгорена, дури и ѕидовите, фасадата, прозорите. За време на пожарот јас бев дома со малата, излеговме надвор, се изгоре и цела покуќнина, се што имавме освен овие алишта на нас. Моментално состојбата е никаква, ова за да се обнови треба доста пари, јас со една плата не сум моќен скоро ништо да направам. Куќата ја градев 20 години, се што сум работел, сум печалел, сум штедел се е овде.“ – вели Стојановски.

Неговата мајка спие во единствениот покриен дел од куќата кој не изгорел, а тој и останатите членови од семејството спијат по роднини. Вели потребни се финансиски средства за да се покрие куќата, и да се оспособи барем една соба во која ќе може да живеат.

„Мајка ми не сака да се двои од куќата, имаме едно собче остана спасено, она тука спие со синот да не биде сама. Ние по роднини, дење овде сме работиме, ноќе по роднини спиеме. Моментално основни потреби што се потребни е да ставиме плоча, да се заштити куќат, оти ако почне да врне цела ќе се распадне. Средства се потребни да оспособиме една соба за седење. Немаме ниту фрижидер, ниту перална, само еден кревет имаме.“ – додава Стојановски.

Стојановски има отворено трансакциска сметка на која може да се донираат финансиски средства, за тој и неговото семејство да да може да ја направат куќата која изгоре во пожар во Кратово.

Лаура Стојанова М-Нет