
Во рамки на отвореното студио на телевизија М Нет од 21. коло на Втората македонска фудбалска лига гостинска беше Драгана Костова, фудбалска на ЖФК Каменица Саса, репрезентативка и прва жена тренер на машка екипа во Македонија, односно на Росоман кога настапуваше во Втора лига – Исток.
Со Костова разговаравме и за Првата и Втората женска фудбалска лига, квалитетот женскиот фудбал, но и што очекува Костова до крајот од сезоната во борбата на нејзината екипа со актуелниот шампион Љуботен од Тетово за титулата во домашното првенство.
Костова поседува УЕФА А лиценца, беше тренер на Росоман кога настапуваше во Втората лига – Исток, а важи за една од подобрите фудбалерки во Македонија која има големо искуство во македонскиот фудбал.
Александар Ванев, М-Нет