
Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш се засили со неколку нови играчи со кои ќе се подига квалитетот за новата сезона со сопствените редови.
Радовишани ја засилија дефанзивата откако го договорија Леонид Кофиловски, кој доаѓа од редовите на второлигашот Охрид, каде настапуваше минатата сезона.
Кофиловски е 21-годишен фудбалер, кој кариерата ја започна во прилепска Победа, а потоа се пресели во Охрид.
Во Првата македонска фудбалска лига има шест настапи, а има и два настапи во младинската Лига на шампиони.
Ново име во Радовиш кое доаѓа е повратникот Зоран Андонов, кој доаѓа од редовите на прволигашот Силекс, а настапуваше и за Беласица, Кит Го од Пехчево, Брера и Брегалница, а игра како лев бек.
Асан Рифадов е 22-годишен играч кој доаѓа од редовите Шкупи, а беше дел и од Гостивар, Слога Виница, Каменица Саса и Брера Струмица.
Радовишани веќе денес го играат првиот контролен натпревар против Беласица, кој се игра на Градскиот стадион во Радовиш.
Претходно, радовишани се засилија со Филип Димоски, Махир Ајрули, Марио Аџиев, Бранимир Иванов, а беа приклучени и неколку млади играчи.
Александар Ванев, М-Нет