
Новата сезона во Првата женска фудбалска лига ќе започне на 23 август со мечевите од првото коло, а екипите ја темпираат формата за новата сезона со одигрување и на пријателски натпревари.
Во новата сезона ќе настапат десет екипи, а ЖФК Конзули кој ќе настапи сега под името ЖФК Пелистер е нов член на елитата, а Кочани пак преку бараж избори опстанок, додека пак во новата сезона Скопје ќе ја брани титула, а ќе настапат и екипите на Тиверија Брера, Истатов, Каменица Саса, Љуботен, Ас Јунајтед, Вардар и Речица.
По градови прволигашки фудбал во женска конкуренција ќе има во Струмица, Кочани, Каменица Саса, Скопје, Тетово, Струга, кумановска Речица и Битола.
Александар Ванев, М-Нет