
Новата сезона во Лигата на шампионите шампионот Вардар ја отвара на 10 септември со гостување кај Мелсунген, меч кој е закажан за 20:45 часот.
Следен предизвик за Вардар ќе биде дуелот со Нант кој се игра во Скопје од 20:45 на 16 септември, а пак на 8 октомври, исто така на домашен терен против Висла Плоцк во истиот термин.
На 15 октомври Вардар ќе гостува кај Висла Плоцк меч кој ќе започне во 18:45, следува дуел со Нант во гости на 21 октомври во 20:45, а групната фаза екипата на Вардар ја затвара против Мелсунген на 28 октомври, а стартот на мечот е закажан за 18:45 часот.
Александар Ванев, М-Нет