
Фудбалската федерација на Македонија ги потврди термините и стадионите каде ќе се играат второлигашките баражите.
Три натпревари ќе се одиграат в сабота, а еден меч ќе се игра в недела, сите од 16:30 часот.
Во сабота (30 мај) на Градскиот стадион во Кочани ќе се одигра натпреварот меѓу второлигашот Кожуф и третолигашот Борец. На стадионот „Силекс“ во Кратово ќе се игра мечот меѓу второлигашот Каменица Саса и третолигашот Еуромилк ГЛ. На Градскиот стадион во Штип ќе се одигра натпреварот меѓу третолигашите Победа Валандово и Камјани.
Последниот бараж натпревар ќе се одигра в недела на стадионот во Ѓорче Петров меѓу второлигашот Тетекс и третолигашот Влазними.
Победниците од овие натпревари ќе играат во Втора лига, а пак поразените екипи ќе бидат дел од Трета лига.
Александар Ванев, М-Нет