
Штип денес е домаќин на Плазма спортските игри за млади, многу дечиња денес во градот под Исарот, многу натпревари, спорт, забава и дружба.
Плазма спортските игри за млади e најголемата спортско-аматерска манифестација во Европа, која веќе три децении ги вклучува децата и младите во бесплатни спортски активности.
Во рамки на овие игри, во Македонија ќе се одржат натпревари во 10 спортски дисциплини, меѓу кои мал фудбал, одбојка, ракомет, кошарка 3×3, тенис и атлетика, а најдобрите 240 ќе се натпреваруваат на меѓународното финале во Сплит, кое ќе се одржи во август.
Денес во градот под Исарот се играат натпревари во повеќе дисциплини, во салата „Тошо Арсов“ се играат натпревари во мал фудбал во машка и женска конкуренција, во салата „Коле Нехтенин“ се играат натпревари во одбојка, а пак во салата „Ванчо Прќе“ натпревари во кошарка 3х3.
Со овој голем меѓународен спортски настан Штип уште еднаш потврди дека е одличен домаќин, но и потврда зошто е град на спортот.
Александар Ванев, М-Нет