
Во три дена ќе биде одиграно последното 33. коло на Првата македонска фудбалска лига со што ќе остане да се одиграат баражите и да се затвори сезоната.
Утре на програмата се два натпревари. Од 16 часот во Гостивар се игра мечот меѓу Арсими и Струга Трим Лум, а од 18 часот Вардар ќе игра против Шкендија, кога „вардарци“ ќе го добијат шампионскиот пехар и ќе бидат нови шампиони.
В недела се играат два натпреваир од 16:30 часот. Пелистер на домашен терен ќе игра против Башкими, а тоа за битолчани ќе биде тест за баражот кој им следува за опстанок, а пак во Струмица ќе се игра Брера меѓу Шкупи, каде струмичани ќе имаат последна проверка пред баражот за опстанок кој ќе го игра Брера.
Колото се затвара со два натпревари дури во понеделни, кога Работнички ќе игра против Тиквеш, а пак Македонија ЃП ќе биде домаќин на Силекс. Двата натпревари започнуваат во 16:30 часот, а за Работнички и Македонија ЃП тоа ќе биде последен меч како прволигаши.
Александар Ванев, М-Нет