ВТОРА ЛИГА: Брегалница со Кожуф, Каменица Саса со Осогово, Скопје домаќин на Слога Виница!

Денес беа извлечени натпреварувачки броеви односно ждрепката за Втората македонска фудбалска лига – со што е познат распоредот за новата сезона која треба да започне на 23 август.

Брегалница новата сезона ја започнува во Штип против Кожуф, ова ќе биде дерби и на два штипски стратези Влатко Костов против Иван Варадиновски.

Детонит Плачковица ќе гостува кај новиот второлигаш Големо Коњари, Шкендија Арачиново треба да игра со Преспа, но играњето на тимот од Ресен и натаму е под знак прашалник, па доколку Преспа неигра во Втора лига, тогаш Шкендија Арачиново ќе е слободна во првото коло, а пак Вардар Неготино со Тетекс.

Прилепска Победа ќе игра со Новаци, дерби на Истокот меѓу Каменица Саса и Осогово, Охрид ќе ја пречека Беласица, Скопје со Слога од Виница.

Новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе започне на 23 август.

Александар Ванев, М-Нет