Второлигашот Тетекс се засили со четири засилувања – Дервиши, Обадиќ, Стојчески и Зекири

ФОТО: ФК Тетекс

Повратникот во Втората лига, екипата на Тетекс од Тетово претстави четири нови засилувања за новата сезона се работи за 27-годишниот Енис Дервиши, за младиот Петар Обадиќ кој има 21 година, потоа за Марко Стојчески кој има 24 години и 26-годишниот Рихан Зекири.

Овие четири засилување треба да донесат поголем квалитет во редовите на „штофарите“, да бидат вистинско освежување кај повратникот од Тетово кој по една година експресно се врати во Втората лига.

„Овие фудбалери доаѓаат со искуство, елан и желба, а нивниот ангажман претставува важен чекор во градењето на конкурентен и борбен тим. Цврсто веруваме дека со својата посветеност и квалитет ќе дадат значаен придонес за успехот на Тетекс на теренот и надвор од него. На нашите нови членови им посакуваме искрено добредојде во плаво-белото семејство и успешна сезона полна со здравје, спортска борбеност и победи. Истовремено, сакаме да ја информираме спортската јавност дека клубот продолжува со активности за дополнително зајакнување на ростерот, вклучително и со млади перспективни фудбалери. За нивниот ангажман и идните потписи навремено ќе биде информирана јавноста преку нашите официјални канали“, велат од ФК Тетекс.

Александар Ванев, М-Нет