Во тек е уписот на првачиња во кочанските основни училишта, за десет години бројот намален за 20%

Во тек е уписот на првачиња во основните училишта во Кочани. Во училишните клупи за првпат во петте основни училишта треба да седнат околу 340 првачиња. Споредбено со претходната година се забележува благо опаѓање на бројот на првачиња, но споредбено со запошани првачиња пред десет години бројката е помала за 20%. Од основните училишта се надеваат да се запишат барем учениците кои се предвидени по список.

„Во нашето училиште според реонизација се планирани некаде околу 62 првачиња, и на сите уредно им се доставени поканите. Но и кај нас има многу поврат на ратките и се надеваме дека можеби има грешка. Планираме од понеделник да ги посетиме нашите обврзници“ – вели Петров.

Во Оризари има повеќе првачиња за разлика од лани. Директорката вели дека учениците добиваат соодветна и квалитетна настава.

„Оваа година ООУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари на списокот за запишување има 30 ученика. Уписот е во тек и до сега имаме запишано 20 првачиња.“ – вели Богданова.

Во целост се почитува и реонизацијата децидни се директорите на основните училишта. Велат дека првачињата се запишуваат во училиштето според местото на живеење.

„Реонизацијата се почитува, не примаме дечиња од други училишта“ – вели Андов.

Најголем број на првачиња треба да се запишат во ООУ „Кирил и Методиј“ однонсо 142, 78 во „Никола Карев“, а 56 во „Раде Кратовче“.

Лаура Стојанова Ќирчов, М-Нет