Во тек е пријавувањето за турнирот во мал фудбал во Стар Караорман

Во тек е пријавувањето за турнирот во мал фудбал по повод празникот Св. Наум Охридски во штипско Стар Караорман.

Пријавувањето на екипите е отворено до 8. јуни, а котизацијата за учество на турнирот е 4.000 денари.

За првопласираната екипа ќе следува награда од 50.000 денари, за второпласираната екипа парична награда од 30.000 денари, додека пак третопласираната екипа ќе добие наградата од 15.000 денари. Исто така, предвидени се награди и за најдобар играч, најдобар голман и најдобар стрелец.

Турнирот ќе започне на 15. јуни, а големото финале е закажано за 3. јули.