
Голем успех на поранешниот македонски репрезентативец, штипјанецот Влатко Митков, кој како тренер-играч успеа Холабрун да го внесе во ракометната „елита“ на Австрија.
Овој клуб лани обезбеди место во „елитата“, но сепак, остана да се натпреварува во Втората лига, додека пак сезонава под водство на штипјанецот Митков, Холабрун заврши на првото место и со тоа обезбеди место во ракометната „елита“.
Митков од следната сезона ќе има свое деби на тренерското столче и во најсилното австриско ракометно натпреварување.