Во среда ќе се спроведе четврто прскање против возрасни комарци во Општина Штип

На 14 јули во среда наутро ќе се спроведе четврто прскање против возрасни комарци во Општина Штип, информираат од општината.

„ На ден 14.07.2021 година (среда – наутро) Општина Штип преку овластена фирма, на територијата на општината ќе спроведе тереистичка дезинсекција со цел уништување на комарците. Запрашувањето ќе се врши во периодот од 01 до 07 часот. Со дезинфекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на територијата на општината, урбаните населби и локалитети“ – напишаа од општината.

Доколу временските услови се неповолни праскањето ќе се одложи за наредниот поволен ден. Во межувреме се известуваат пчеларите навремено да ги заштита своите пчели. Прскањето ќе се спроведе од земја. Досега во Општина Штип се спроведоа три прсња протв ларвите од комарците, и три против возрасни комарци.

Лаура Стојанова М-Нет