
По вчерашните инфорамции дека вработените во Комуналното јавно претпријатие Солидарност од Виница, зеле плата од 100 денари, денеска се огласи и раководителот на претпријатието Александар Трајков. Во телефонска изјава тој истакна дека вработените утре ќе ја добијат платата и дека сумата од исплатени 100 денари е за да им се исплти здравственото осигурување.
„Причината за да биде поделена плата од 100 денари беше таа што беше целта на менаџментот и на раководството на претпријатието да се исплатат придонеси како здравствено така и пензиско. Вработените платата ќе ја добијат утре, проблемот е веќе надиминат, средствата за плата се обезбедени и утре ќе имаат исплатено комплет плата“ – истакна Александар Трајков, Раководител на КЈП „Солидарност“
Јавното претпријатие „Солидарност“ подолг временски период се соочува со финансикси проблем, но како што истакна Трајков од плаќање сметки за вода, комунални давачки и слично се обезбедени пари за исплата на плата.
До финансиските проблеми во ова претпријатие дошло заради дологодишно трупање на проблемите и долговите, како и големата исплатена сума за Судски трошкови заради претходна неисплата на регрес за годишен одмор на вработените.
Лаура Стојанова М-Нет