
На 21.03.2022 во 10.50 часот во Полициската станица Штип, А.П.(72) од Штип пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Штип бил физички нападнат од Л.Н.(42). Против Л.Н. бил изготвен записник за констаиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Во врска со истиот настан, во 12.00 часот во Полициската станица Штип Л.Н.(42) пријавил дека на ул.„Маршал Тито“ во Штип бил физички нападнат од А.П.(72) од Штип. По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.