
Боречкиот клуб Олимпија за првата недела од месец април најавува протест, бидејќи како што велат членовите направена е голема дискриминација од страна на Боречката федерација. Имено, Олимпија е суспендирана од Боречката федерација без притоа да се земат во обзир сите факти и аргументи од инцидентот на првенството.
„Искрена радост и среќа што сме членови на БК Олимпија, но и тага што немаме можности да се покажеме на својот душек. Затоа прашуваме, зошто е ова дискриминација, зошто рамноправноста е туширана? Зарем ние сме винови? Кој и зошто дозволува Борачката федерација да ја уништи Олимпија, да ги уништи нашите сонови, нашето детство, нашите желби кон овој спорт? Зарем ние немаме право да сонуваме да бидеме среќни, успешни, да бидеме репрезенти на нашиот град, на нашата држава Македонија? Зарем ние не сме деца на Штип, деца на Македонија, рамноправни како сите? Многу прашања, но нема одговори токму од Боречката федерација на спортови“
Членовите на БК Олимпија бараат поддршка од сите за протестот кој го организираат заради направената дискриминација, со единствена цел правдата да биде задоволена.
„Затоа ги повикуваме сите наши пријатели, роднини, професори да нѐ поддржат во нашиот протест за дискриминацијата, а подоцна ќе ги оставиме сите наши медали и успеси пред Агенцијата за млади и спорт. Нашите барања се кратки и јасни, ние сме иднината, ние ја одбравме иднината овде, ние бараме правда, ние се бориме за правда. Напред Олимпија“
Лаура Стојанова М-Нет