Стојанче Стојанов ќе им суди на Шкендија Арачиново и Охрид, Костовски главен во Виница

Утре со седум натпревари ќе се отвори второто коло на Втората лига, а ќе се затвори во недела со мечот под рефлектори меѓу Беласица и Скопје.

Познати се и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од втората рунда.

Марјан Младеновски ќе им суди на Тетекс и Детонит Плачковица во Тетово, главен судија во Виница каде ќе играат Слога и Големо Коњари ќе биде Здравко Костовски од Штип.

Дуелот меѓу Шкендија Арачиново и Охрид ќе го суди штипјанецот Стојанче Стојанов, а пак во Кочани каде ќе се соочат Осогово и Преспа главен судија ќе биде Игор Иванов од Велес.

Во Прилеп ќе се одигра натпреварот меѓу Победа и Каменица Саса, а за правдата ќе биде задолжен Блаже Петковски. Кожуф на домашен терен ќе игра против Новаци, а Ангел Гелов ќе биде главен арбитар.

Вардар Неготино на домашен терен ќе ја пречека Брегалница од Штип, а правдата ќе ја дели Александар Василевски од Скопје.

Колото се комплетира в недела со натпреварот под рефлектори меѓу Беласица и Скопје од 19:30 часот, а правдата ќе ја дели Фуркан Идризи од Тетово.

Александар Ванев, М-Нет