Вмро: Наместо статуси од Коцев, да се подобри водоводната мрежа во Штип

Откако на 40 степени целзјусови пола Штип остана без вода речиси 24 часа, а директорот ЈП„Исар„ Здравко Коцев, посочи дека причина е преголемата потршувачка на вода, од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип истакнаа дека редно време е Коцев наместо да објавува статуси со закани за рестрикции за вода, да се познаимава со подобрување на водоводната мрежа.

„Заканите на директорот на ЈП „Исар“, како да се претворија во реалност. На 40 степени половина град остана без вода повеќе од 24 часа. Врв на неспособноста е што од страна на локалното раководство, граѓаните се обвинети дека дефектот настанал поради големата потрошувачка на вода. Како за прв пат на вакви огромни горештини да се троши вода. И наместо директорот да троши енергија на пишување статуси со закани за рестрикции на вода, редно време е да се позанимава со зајакнување и подобрување на водоводната мрежа.“ – кажаа од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип обвинуваат за неспособност на менаџерско ниво и бараат оставка од истото за да не се повтори штипјани да останат без вода.

Лаура Стојанова М-Нет