Власта игра со познати карти, истакнуваат од ОК на ВМРО ДПМНЕ Штип

Проектите кој ги нуди СДСМ се и веќе познати на штипјани. Се сеќаваат на гасификацијата, на браната на река Отиња како и програмата која ја нудеа уште пред 3,5 години обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ – Штип.
„ Јано беше дека на овие избори беспредметно се трошат милиони, за да се задоволат теснопартиските и лични интереси на позадинските играчи на СДС, но со понудата која кандидатот ја дава на граѓаните, тоа станува уште појасно! Краткиот памфлет со кој кандидатот излегува на избори, говори дека СДС нема идеја и визија за овој град. Таканаречената програма која ја нудат, е обичен препис на она што го нудеа пред 3,5 години.“ – беше дел од изјавата на Здравков.
Од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, излегоа со став дека сето она што денеска го ветува Социјалдемократскиот сојуз, можело да се направи и пред изборите.   Очигледно е дека власта смета дека граѓаните лесно се манипулираат – истакна Здравков.

Лаура Стојанова М-Нет